Македонија ОН усвои резолуција за Крим

ОН усвои резолуција за Крим

Генералното Собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која остро се осудува кршењето на човековите права на полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Резолуцијата, во Русија се наведува како „окупаторска сила“, ја поднесе Украина со поддршка од 30 земји и беше одобрена од 70 држави членки. Дваесет и шест земји, меѓу кои и Русија, Белорусија, Казахстан, Србија и Кина, гласаа против, а 76 држави биле воздржани.

Од делегацијата на Украина соопштија дека резолуцијата го потврдува постоењето на вооружен судир меѓу Украина и Русија и оти се осудува ретроактивната употреба на законот на Русија на територијата на Крим. која официјална Москва ја анектираше во 2014 година.