Свет ОН: Рекордно ниво на јаглерод диоксид во 2014 година

ОН: Рекордно ниво на јаглерод диоксид во 2014 година

Светската метеоролошка организација во составот на Обединетите нации денеска соопшти дека јаглерод диоксидот и метанот, двата гаса кои најмногу придонесуваат за ефектот стаклена градина, минатата година достигнале рекордно ниво.

Агенцијата на ОН наведува дека нивото на јаглерод диоксидот во 2013 година изнесува 396 на милион честички, додека минатата година се искачил на 398 на милион.

Нивото на јаглерод диоксид годинава флуктуира, а месечниот просек ја надминал симболичната граница од 400 на милион честички во март годинава, наведе Светската метеоролошка организација и додава дека годишниот просек следната година веројатно ќе се искачи на повеќе од 400 на милион честички.

Нивото на јаглерод диоксид, поттикнато од согорување јаглен, нафта и гас, сега е 143 пати повисоко од пред индустриската револуција и научниците оценуваат дека тоа е главна причина за глобалното затоплување.

Светската метеоролошка организација наведе дека во 2014 година, нивото на метан достигнало рекорд од 1.833 на милијарда честички.