Свет ОН прогласи највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен

ОН прогласи највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен

Портпаролот на ОН, Фархан Хак, изјави дека е прогласен трет, највисок степен на хуманитарна тревога во Јемен, каде продолжува конфликтот меѓу приврзаниците на владата и шиитските бунтовници Хути.

Одлуката била донесена по состанок одржан по барање на заменикот генерален секретар за хуманитарни прашања, Стивен О’Брајан.

Највисокиот степен на тревога ќе значи мобилизирање дополнителни ресурси за давање помош на населението.

Во Јемен, повеќе од 21 милион луѓе имаат потреба од помош, што е повеќе од 80 отсто од населението во државата. Хуманитарниот план на ОН е за 11,7 милиони луѓе.

Системот за здравствена заштита речиси и да не работи – повеќе од 160 медицински установи се затворени поради проблеми со безбедноста или поради недостиг од гориво и од други средства неопходни за работа.