Свет Европа ОН: Повеќе од 700.000 бегалци стигнале до брегот на Европа

ОН: Повеќе од 700.000 бегалци стигнале до брегот на Европа

Повеќе од 700.000 бегалци и мигранти годинава стигнале на европскиот брег на Средоземно Море, соопшти агенцијата на ОН за бегалци.

Во соопштението се наведува дека 562.355 луѓе дошле до брегот на Грција, бегајќи од војна и од сиромаштија.

Околу 140.000 лица, пак, годинава стигнале во Италија.

Вкупно 3.210 лица починале или исчезнале за време на опасниот пат кон Европа.