Свет ОН: ИД пред пораз во Либија

ОН: ИД пред пораз во Либија

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун денеска изјави дека борците на Исламска држава во Либија се соочуваат со „изразена можност“ да бидат поразени во своето последно упориште и веројатно ќе се распрскаат во другите подрачја на оваа северноафриканска земја или во регионот.

Бан во најновиот извештај на Советот за безбедност на ОН навел дека земјите членки проценуваат оти во Либија има 2.000 војници, а 7.000 во Либија, Тунис, Алжир, Египет, Мали, Мароко и во Мавританија.

Првиот човек на ОН изјавил дека една земја членка неодамна пријавила дека во Сирте, последното упориште на ИД долж северниот либиски брег, има меѓу 3.000 и 4.000 исламисти. Сега таа бројка опаднала под 1.000 лица, благодарение на неодамнешната офанзива против ИД, која ја спроведоа силите на меѓународно признаената либиска влада, истакна Бан.