Свет ОН: Без финансиска помош, повеќе од милион лица во Нигерија ќе остане...

ОН: Без финансиска помош, повеќе од милион лица во Нигерија ќе остане без храна

Доставувањето храна за повеќе од еден милион луѓе во Нигерија ќе биде прекинато доколку не се исполни ветеното финансирање од меѓународната заедница, соопшти денеска заменик-координаторот за хуманитарна помош при ОН, Петер Лундберг.

– Без доволно финансирање, Светската програма за храна ќе ја намали својата најважна поддршка – изјави Лундберг, додавајќи дека во северниот дел на Нигерија половина милион деца страдаат од глад.

Тој истакна дека се потребни 242 милиони долари помош за следните шест месеци, за да им се помогне на 1,8 милиони луѓе.