Свет Европа Оланд: Примирјето во Украина мора да се почитува

Оланд: Примирјето во Украина мора да се почитува

Францускиот претседател Франсоа Оланд оцени дека е „неприфатливо“ кршењето на спогодбата за прекинот на огнот на истокот на Украина.

Оланд изјавата ја даде во германскиот град Ахен, по краткиот разговор со украинскиот колега Петро Порошенко.

– Постојат индикации за нови немири и тоа мораме да го спречиме – рече Оланд.

Порошенко претходно разговараше со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.