Свет Европа Оланд и Меркел се обидуваат да го спасат примирјето

Оланд и Меркел се обидуваат да го спасат примирјето

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека тој и германската канцеларка Ангела Меркел разговарале со лидерите на Украина и на Русија за прекинот на огнот, кој е доведен под знак прашање поради продолжувањето на судирите околу Дебаљцево.

Оланд рече дека во телефонскиот разговор со Меркел, кој го имал изутринава, било разговарано за кршењето на прекинот на огнот и за последиците од продолжувањето на судирите.

Украинските сили почнале да го напуштаат Дебаљцебо во средата, по неколку недели тешки борби со сепаратистите, кои ги поддржува Русија.

Контролата над овој град е особено важна за бунтовниците затоа што претставува главен транспортен јазол и директна рута меѓу Донецк и Луганск, двете самопрогласени републики.

Судирите во Дебаљцево не запреа ни со примирјето, кое стапи на сила на 15 февруари, во согласност со минатонеделниот договор од Минск.