Свет Европа Оланд: Франција ќе ги истражи „Панама пејперс“

Оланд: Франција ќе ги истражи „Панама пејперс“

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека откривањето на потенцијалното затајување данок од „Документите од Панама“ (Панама пејперс) се добра вест која ќе ја подобри наплатата на данок.

– Ве уверувам дека ќе бидат спроведени истраги за овие информации – рече Оланд за време на посетата на една компанија во предградие на Париз.

Тој додаде дека овие откритија се „добра вест затоа што ќе се зголеми наплатата на данок на оние кои извршиле измама“.

Документите се во центарот на истрагата што ја води Меѓународниот конзорциум на истражувачки медиуми, а ги пренесоа повеќе од 100 медиумски организации во светот.

Истрагата е покрената по објавувањето на повеќе од 11,5 милиони документи од адвокатската компанија „Мосак Фонсека“, кои откриваат детали за стотина илјади клиенти.