Свет Европа Околу 250.000 мигранти го преминале Средоземното море

Околу 250.000 мигранти го преминале Средоземното море

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека до сега оваа година речиси 250.000 мигранти го преминале Средоземното море на пат до Европа што е повеќе од вкупниот број на мигранти за 2014 година.

Како што се наведува во соопштението, во Грција од Турција стигнале 134.988 мигранти до јули 2015 година, додека во Италија забележани се 93.540 подносители на барања за азил. Кога на тоа ќе се додадат податоците од Шпанија и Малта, бројот на мигрантите кои го преминале Медитеранот е 237.000 во 2015 година.

ИОМ проценува дека оваа година најмалку 2.300 луѓе загинале во тој обид.