Подглавна секција ОЈО-Скопје: За смртта на лекарката се вршат сослушувања

ОЈО-Скопје: За смртта на лекарката се вршат сослушувања

Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО-Скопје) соопшти дека за случајот со пронајденото мртво тело на лекарката Ј.М.С., се вршат сослушувања на луѓе кои би помогнале во расчистувањето на случајот и утврдување на причините за смртта.

Според ОЈО-Скопје, вчера е извршен увид на улицата Елисие Поповски – Марко, спроти Клиничкиот центар во Скопје, каде беше пронајдено телото на 53-годишната Ј.М.С., вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје. При увидот кај Ј.М.С. е забележан видлив убод со нож во пределот на вратот.

„Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од местото на настанот се прибрани сите материјални траги и докази што можат да помогнат во истрагата и тие се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител, ќе се врши ДНК-анализа на трагите од крв пронајдени на местото. Дополнително, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видеонадзорот на околните објекти“, се вели во соопштението од ОЈО-Скопје.