Хроника Охриѓанка изнајмувала паркиралиште на узурпирано државно земјиште

Охриѓанка изнајмувала паркиралиште на узурпирано државно земјиште

Струшката полиција поднела кривична пријава против охриѓанката В.К.В. (44), осомничена дека узурпирала околу 600 квадратни метри државно земјиште, информира полицијата.

Осомничената, според полицијата, во текот на 2015 година во катастарска општина Мислешево, узурпирала 599 квадратни метри државно земјиште, покрај магистралниот пат Охрид – Ќафасан.

Таа потоа го оградила местото и направила пристап од магистралниот пат до имотот, кој подоцна го изнајмувала како простор за паркирање.