Дописници Охриѓани и стружани ја одбележуваат 200-годишнината од раѓањето на хрватскиот деец Штросмаер

Охриѓани и стружани ја одбележуваат 200-годишнината од раѓањето на хрватскиот деец Штросмаер

НУБ „Григор Прличев“ од Охрид и Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга, утре заеднички ќе организираат литературен настан по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец Јосип Јурај Штросмаер (1815 – 1905).

Одбележувањето и чествувањето е закажано за утре, со почеток во 12 часот, во Прличевата одаја на библиотеката.
Модератор на настанот ќе биде писателот м-р Разме Кумбароски, додека за животот и за делото на Штросмаер ќе зборува проф. д-р Златко Крамариќ, литературен деец и амбасадор на Република Хрватска во Република Македонија.