Дописници Охридско Езеро исфрли огромни количества отпад

Охридско Езеро исфрли огромни количества отпад

Огромни количества пластични шишиња, хартија, трска и друг вид отпад, подигнаа во изминативе два дена екипите на ЈП „Охридски комуналец“.

Се проценува дека Охридско Езеро од своите длабочини исфрлило најмалку 30 кубни метри отпад, по должината на градскиот кеј, на потегот од пристаништето до Холандскиот парк.

Во акцијата беше ангажиран ровокопач, два камиони за товарење и за транспорт на отпадот, три комунални работници кои рачно од езерските води го расчистувале отпадот и 10 метачи.

Еколозите, граѓаните и целата јавност ја поздравија акцијата, упатувајќи апел таа да се практикува по секое невреме проследено со дожд и со ветер.

На примерот од оваа грда слика, еколозите упатија апел до граѓанството да внимава каде го фрла отпадот.