Дописници Охрид во декември на плус 15 Целзиусови степени

Охрид во декември на плус 15 Целзиусови степени

Денешниот сончев и пријатен ден, со температурa невообичаенa за овој период од годината, нешто пониска од 15 Целзиусови степени, измами многумина охриѓани на пријатна крајезерска прошетка. Тука беа и не бројните гости, главно, од соседните земји – Албанија, Бугарија и Србија.

Езерскиот кеј за момент оживеа. Шетачите, се насладуваа на мирната езерска шир, мноштвото галеби, како и групата прекрасни лебеди, за радост на сите, пред сè, на младите.

Последните дождови малку ја поправија и хидролошката слика. Имено, нивото на водата во Охридско Езеро, испразнето во летните месеци, во моментов е на кота од 693,21 сантиметри, односно само четири сантиметри над нултата позиција.