Македонија Охрид: Фестивал за хигиенски дизајн и угостителство

Охрид: Фестивал за хигиенски дизајн и угостителство

Oд денеска до 29 мај, на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржува Фестивал за хигиенски дизајн и храна.

Учествуваат научници, истражувачи, професионалци, компании, владини и невладини организации, консултанти и индивидуалци кои работат во областите производство и преработка на храна, квалитет и безбедност на храна, исхрана, хигиенско инженерство и дизајн, иновативни технологии, нови трендови во прехранбената индустрија во светот.

Манифестацијата има цел – воспоставување директен контакт и соработка помеѓу производителите на опрема за прехранбена индустрија и производителите на храна. Во таа смисла, претставува единствена можност за производителите на опрема за прехранбена индустрија да ги изложат и промовираат своите производи и услуги на претставници на компании за производство на храна од целиот свет.

Компаниите од прехранбената индустрија и производителите на опрема за прехранбена индустрија ќе ги претстават своите производи и услуги во изложбениот простор, а ќе учествуваат на брокерски настани и на состаноци помеѓу научни организации, истражувачки институции, компании, за да се воспостави бизнис-соработка, да се создадат нови конзорциуми и партнерства за аплицирање на европски проекти.