Македонија Огромен интерес за трибината на ВМРО-ДПМНЕ

Огромен интерес за трибината на ВМРО-ДПМНЕ

Огромен интерес побуди трибината на ВМРО-ДПМНЕ, која треба да почне во салата „Борис Трајковски“. Салата е исполнета, а надвор има исто така многу граѓани. Во секој момент се очекува и нејзин почеток.

Репортерот на „Мета“ забележа и автобуси кои се паркирани покрај булеварот Партизaнски одреди, а кои носеле членови на ВМРО-ДПМНЕ и граѓани од другите градови.

„Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки за она за што се залага и за она што го планира партијата во наредниот период“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е бесплатен. Ќе говори премиерот Никола Груевски, а главна тема ќе бидат актуелните политички случувања во земјава.