Хроника Ограбена златарница во Скопје

Ограбена златарница во Скопје

Вчера, околу 19.15 часот, во Скопје, на улица Кеј 13 Ноември, непознат сторител вооружен со огнено оружје извршил разбојништво во златарницата „Рубин“, информираат од МВР.

Сторителот, откако влегол во продавницата, каде присутни биле две вработени, со оружјето го искршил стаклото од витрината, одзел 16 подебели синџирчиња и го напуштил местото на настанот. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.