Хроника Ограбена продавница на „Кам“ во скопски Чаир

Ограбена продавница на „Кам“ во скопски Чаир

Маскиран разбојник, вооружен со пиштол, вчеравечер ограбил супермакет на „Кам“, во скопската населба Чаир, информираат од полицијата.

Разбојништвото се случило околу 20.15 часот во продавницата „Кам“ на улицата Џон Кенеди, кога маскираниот разбојник со пиштол им се заканил на четворица вработени и зел 55.000 денари од дневниот промет.

Случајот бил пријавен во полиција, чии екипи преземаат мерки за откривање на сторителот.