Хроника Ограбен жител на струшко Делгожди

Ограбен жител на струшко Делгожди

Вредноста на пленот во двете кражби изнесува над 700.000 денари

Жител на струшкото село Делгожди, вчера во полиција пријавил дека арамија провалил во неговиот дом и украл куфер во кој имало лични документи и разновиден златен накит.

По извршениот увид, вкупната материјална штета од кражбата била проценета на околу 150.000 денари.

Како што информираат од полицијата, крадецот во куќата влегол откако со соодветен алат ја отворил балконската врата, а потоа отишол во спалната соба, од каде го зел куферот и побегнал.