Хроника Ограбен таксист во Скопје

Ограбен таксист во Скопје

Утринава, околу 5 часот во Скопје, 39-годишниот К.Ѓ. пријавил дека непознато лице го ограбило.

Крадецот побарал такси услуга од ТЦ „Капитол“ до населбата Чаир и кога стигнале на улицата 159, тој со закана со пиштол од возачот одзел сума пари од околу 3000 денари, по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.