Подглавна секција Оглас за вработување новинар/ка во новинската агенција Мета

Оглас за вработување новинар/ка во новинската агенција Мета

Кандидатите треба да испратат куса биографија и мотивациско писмо во електронска форма на konkurs@meta.mk најдоцна до 09.04.2024 година

Фондацијата Метаморфозис објавува повик за ангажирање на новинар/ка во редакцијата на новинската агенција Мета.

Пожелно е кандидатите да ги исполнуваат следните услови:

  • Новинарско искуство од најмалку две години (предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство со работа на терен);
  • Искуство во креирање мултимедијални содржини како инфографици и видеа;
  • Познавање на професионалните и етичките новинарски стандарди;
  • Дигитални вештини;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност за работа под притисок;
  • Аналитички способности.

Кандидатот која ќе се приклучи кон тимот на новинари во Новинската агенција Мета ќе биде вработен на определено време, со можност за продолжување на договорот.

Кандидатите треба да испратат куса биографија и мотивациско писмо во електронска форма на konkurs@meta.mk најдоцна до 09.04.2024 година.

Заинтересирани кандидати кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.