Македонија Оглас за распределба на 18 социјални станови во Ресен

Оглас за распределба на 18 социјални станови во Ресен

Оглас за електронска распределба на 18 социјални станови лоцирани во зграда на улицата Обиколна, бр. 6, во Ресен објави денеска Министерството за транспорт и врски.

Станбено необезбедени жители на Ресен од седум социјално најранливи категории можат да поднесат апликација за стан до 14 јануари следната година.

Предност при добивање стан ќе имаат децата без родители или родителска грижа, односно полнолетни лица што до осумнаесеттата година биле згрижени во институции и со други облици за згрижување деца без родители. Други категории што можат да аплицираат се корисници на социјална или постојана парична помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот стаус на нивните примарни живеалишта, инвалидни и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејство со инвлидизирани лица, припадници од ромската заедница кои се социјално загрозени, самохрани родители со малолетни деца и слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош.