Македонија Оер: Нашите постојани цели се единство и просперитет на вашиот народ

Оер: Нашите постојани цели се единство и просперитет на вашиот народ

Нашите постојани цели се европска интеграција на вашата земја, единство и просперитет на вашиот народ, рече амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, на приемот по повод Денот на Бастиља – националниот празник на Француската Република.

– Денеска ги славиме врските кои се силни и постојани и кои ги негуваме веќе 22 години меѓу Франција и Република Македонија: во областа на економијата со претпријатија и со инвестиции, во образованието со акредитацијата на француското меѓународно училиште во Скопје, со размената на лица преку основањето мрежа од поранешни студенти, државната соработка и голем број проекти со граѓанското општество – рече Оер.