Македонија Одрон на патот Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по една...

Одрон на патот Тетово – Попова Шапка, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на патниот правец Тетово – Попова Шапка се одвива по една лента поради одрон на патот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а нa повисоките места има остатоци од кашeст снег.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци Кочани –  Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.