Македонија Одреден 30-дневен притвор на двајца осомничени во акцијата „Лотос“

Одреден 30-дневен притвор на двајца осомничени во акцијата „Лотос“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против четворица осомничени од вчерашната акција на МВР, со кодно име „Лотос“, кои се товарат за недозволена трговија со дрога, соопшти денеска Јавното обвинителство.

На предлог на Обвинителството, судија на претходна постапка им одредил 30 дена притвор на двајца од осомничените, додека другите двајца веќе се наоѓаат во затвор, односно во притвор, заради дела, исто така, поврзани со нелегална трговија со дрога.

„Осомничени се лицата Б.Х. (40), кој бил организатор на мрежата препродавачи на дрога, и С.А. (27), А.М. (47) и Д.Б. (54), кои ја препродавале дрогата на трети лица. Оваа група на дилери на дрога, сите од Велес, работела на поширока територија на државата, па се очекува поголем број постапки кои ќе се спроведуваат против осомничени лица и од страна на надлежните основни јавни обвинителства. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на судот му предложи определување притвор за двајца од осомничените, Б.Х и А.М. Предлогот беше прифатен од судот и со решение на осомничените им е определен притвор во времетраење од 30 дена. Истрагата продолжува во насока на разоткривање на случајот и прибирање на докази за предметот“, стои во соопштението на Обвинителството.