Македонија Одложување на изборите бараат и од Партијата на пензионерите

Одложување на изборите бараат и од Партијата на пензионерите

Партијата на обединетите пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) смета дека не се реализирани најзначајните обврски договорени помеѓу партиите што го потпишаа Договорот од Пржино, а кои требаше да обезбедат и да гарантираат фер, демократски и кредибилни избори.

– ПОПГМ не го крие своето разочарување од себичноста и од негрижата за иднината на Република Македонија од партиите на власт. Истите, како учесници во преговарачкиот процес, наместо да се ангажираат за создавање услови и стратегија за демократско решавање на политичката криза, со постојаното одолжување и деструкција на процесот, покажаа дека нивна единствена цел е како да ги заштитат своите лидери за кои постојат бројни индиции за инволвираност во сериозни криминални и коруптивни казниви дела – се вели во партиското соопштение.