Македонија Одложено судењето на Мариглен Демири, наредното рочиште закажано за 24 јануари

Одложено судењето на Мариглен Демири, наредното рочиште закажано за 24 јануари

Денешното судењето против членот на Левица и кандидат за пратеник Мариглен Демири е откажано и рочиштето е презакажано за 24 јануари следната година.

Судијката Добрила Кацарска од Основниот суд Скопје 1 го одложи судењето затоа што претставничката на Државното правобранителство доцна ја доставила процената за материјалната штета од кршењето на стаклото на канцеларијата за претседателот Ѓорге Иванов за време на протестите.

– Писмениот поднесок од Државното правобранителство сте го испратиле дури вчера. Јас го добив 10 минути пред судењево. Минатиот пат рочиштето беше одложено поради тоа што не сте биле подготвени. Државен правобранител да му прави трошоци на судот со одложување рочишта, во најмала рака, е несериозно – рече судијката Кацарска.

Демири е обвинет за демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов за време на протестите на „Шарена револуција“ пролетоска. Тој е кандидат за пратеник од партијата Левица во првата изборна единица.