Македонија Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев бил на пат

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев бил на пат

Се одложи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој е обвинет лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Судењето беше закажано за денеска во 10 часот, а се одложи затоа што лидерот на СДСМ бил на службено патување во Тирана, на седница на Парламентарниот совет на Европската Унија.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице, како градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

Според обвинението, една половина од парите требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица. Заев тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и поднесе кривична пријава против бизнисменот.