Македонија Одложени судските рочишта за „ТНТ“ и „Рекет“

Одложени судските рочишта за „ТНТ“ и „Рекет“

Фото: Архива на Мета.мк

Денешното судско рочиште за предметот „ТНТ“ се одложи поради лошата здравствена состојба на обвинетиот Тони Трајковски. Следното рочиште за рушењето на комплексот „Космос“ ќе се одржи на 6 февруари. На денешното судење не се појави поранешниот градоначалник на скопската општина Гази Баба, а неговиот адвокат Јовица Страшевски информираше дека здравствената состојба на Тони Трајковски е сериозна, но минлива.

Одложување на судското рочиште денес имаше и за случајот „Рекет“. Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, двајцата адвокати на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, се болни. Адвокатот Кадиев го известил судот дека е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и таму ќе биде задржан до крајот на работната недела, додека Фрчковска не доставила никаква медицинска документација. Судењето за случајот „Рекет“ продолжува во четврток.