Македонија Одбележување на Националниот комеморативен ден на холокаустот

Одбележување на Националниот комеморативен ден на холокаустот

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало, во 12 часот, со откривање на споменикот „Македонски паметник за жртвите на холокаустот“, палење на шест меморијални свеќи и со отворање на детската изложба „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во соработка со Министерството за образование и наука, Фондацијата „Форум – ЗФД“ и со Град Скопје.