Македонија Одбележана 14-годишнината од Карпалак

Одбележана 14-годишнината од Карпалак

Во прилепскиот гарнизон „Мирче Ацев“, пред споменикот на десетте загинати воени резервисти на Карпалак, денеска се одбележа 14-годишнината од загинувањето на македонските бранители, кои загинаа во 2001 година, кај местото Карпалак, на патот Скопје – Тетово, кога конвојот на АРМ беше нападнат од заседа.

Во спомен на прилепски бранители, цвеќе положија и се поклонија нивните најблиски, пријателите, соборците, претставниците на АРМ, на локалната самоуправа, на институциите, на партиите и граѓани.