Македонија Од вечерва посебен сообраќаен режим поради саботното чествување на раѓањето на Гоце...

Од вечерва посебен сообраќаен режим поради саботното чествување на раѓањето на Гоце Делчев

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека почнувајќи од 18:00 часот вечерва, поради најавениот настан за организирано чествување на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во сабота, ќе бидат преземени засилени активности и мерки за подигнување на безбедноста околу местото на одржување на настанот. Притоа, ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот.

Како што соопшти МВР, од денеска за сообраќај ќе биде затворена улицата „Самоилова“, на потегот од улицата „Иљо Војвода“ (виадукт Самоилова) до крстосницата со улицата „Прохор Пчински“, додека во сабота посебен сообраќаен режим ќе се спроведе на улиците „Лазар Личеновски“ и „Самоилова“.

Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) апелираше граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Гробот на Гоце Делчев како поле за конфликт меѓу народите и дестабилизација на Македонија