Македонија Од вечерва дожд

Од вечерва дожд

Во одделни котлини и долж Повардарието утриово имаше магла, а намалена видливост до 50 метри има во Струмичката котлина. Во западните делови од државата времето е умерено до значително облачно, а во источните делови сончево со мала до умерена облачност.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните делови умерено до значително облачно време. Во вечерните и ноќните часови ќе има појава на локален дожд. Највисоката температура ќе се движи од 7 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, со појава на магла и ќе дува умерен југоисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне 7 степени.

Под влијание на влажен бран, од утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе започнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни и локално се очекуваат да наврнат околу 20 литри на квадратен мета, а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер.