Свет Од вчера Кислјак официјално не е амбасадор нa Русија во САД

Од вчера Кислјак официјално не е амбасадор нa Русија во САД

Амбасадорот на Русија во САД, Сергеј Кислјак, поврзан со контроверзиите околу можната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, нема веќе да биде на таа функција.

Амбасадата на Русија во Вашингтон објави на „Твитер“ дека мандатот на Кислјак е завршен вчера.

Засега не е соопштено кој ќе го наследи, а многу очекуваат тоа да биде Антолиј Антонов, заменикот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.