Македонија Од утре поради корона вирусот нема бесплатен превоз за повозрасните граѓани и...

Од утре поради корона вирусот нема бесплатен превоз за повозрасните граѓани и учениците во Скопје

Од утре, 12 март, поради актуелната состојба со коронавирусот, нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз и се укинува бесплатниот превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичницата на Водно.

Како што соопшти ЈСП, одлуката е времена, а ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки.

Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот.