Македонија Од утре паркинзите на ЈП „Градски паркинг“- Скопје со ново работно време

Од утре паркинзите на ЈП „Градски паркинг“- Скопје со ново работно време

Фото: Архива на Мета.мк

Јавното претпријатие „Градски паркинг“- Скопје ги известува сите граѓани дека од 1 октомври започнува зимско сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува Ј.П „Градски паркинг“ –Скопје.

Работното време во зоните А, Б и Ц ќе биде од понеделник до петок, во периодот од 7 до 21 часот, а во сабота во периодот од 7 до 14 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува исто, односно од понеделник до сабота во периодот од 7 до 23 часот, информираат од ЈП „Градски паркинг“-Скопје.