Македонија Од утре до сабота Град Скопје ќе прска против комарци

Од утре до сабота Град Скопје ќе прска против комарци

Град Скопје од утре до сабота ќе прска против комарци, информираа денеска од градската администрација.
Првата фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци ќе се реализира во периодот од утре до сабота а ќе се прска во периодот од 23 до 04 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши кога ќе бидат поволни временските услови.

Од градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.