Македонија Од утре до понеделник улица Железничка ќе биде затворена за сообраќај

Од утре до понеделник улица Железничка ќе биде затворена за сообраќај

Утре, од 8 часот наутро, до понеделник, за сообраќај ќе биде затврена улицата Железничка, од делницата со улицата Герман до делницата со улицата Бихачка.

Улицата ќе биде затворена за сообраќај поради финалното асфалтирање на коловозот. За време на градежните активности, сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот Македонија.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на физичкото регулирање на сообраќајот од униформирани полициски службеници или други овластени службени лица, како и на привремено поставениот режим за сообраќај.