Македонија Од среда прскање против комарци во Скопје

Од среда прскање против комарци во Скопје

Авионско прскање против комарци. Фото: Град Скопје

Град Скопје извести дека третата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне в среда.

Авионското прскање ќе почне во раните утрински часови и ќе се врши рано утрото. Прскање против комарци од земја ќе почне во истото време и ќе се одвива и во следните два дена, а ќе заврши најдоцна в сабота наутро.(четврток), во раните утрински часови.

Доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува, и терестричната дезинсекција, односно прскање од земја.

Град Скопје ги предупредува пчеларите да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.