Македонија Од среда до недела во Скопје ќе се прска против комарци

Од среда до недела во Скопје ќе се прска против комарци

Вториот дел од терестрична дезинсекција (од земја) против возрасни форми од комарци на подрачјето на Град Скопје, ќе се одвива од 5 до 9 јули, односно од среда до недела, во период од 23 до 4 часот наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на терестичната дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.