Македонија Од штабовите, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на улица

Од штабовите, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ излегуваат на улица

Откако централното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги повика општинските комитети да одржат итни состаноци, пред голем број општински штабови на ВМРО-ДПМНЕ низ земјава се собираат членови и симпатизери.

– Тргаме во офанзива, нападната ни е татковината, Македонија треба да се брани. Следува бурен период, пролет со многу енергија и борба за ВМРО и Македонија. Ќе победиме – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.