Хроника Од поштата во Миладиновци украден сеф со пари и со документи

Од поштата во Миладиновци украден сеф со пари и со документи

Ноќта меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител провалил во поштата во скопското село Миладиновци и украл сеф, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, крадецот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел сеф во кој имало пари и документи.

Извршен е увид на местото и полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.