Македонија Од недела на полноќ ќе биде забрането платеното политичко рекламирање

Од недела на полноќ ќе биде забрането платеното политичко рекламирање

Од недела на полноќ настапува забрана за емитување платено политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, во печатените медиуми и во електронските медиуми (интернет-портали), соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Забраната произлегува од законот за изменување и за дополнување на Изборниот законик и важи сè до денот на почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2016 година.