Свет Свет Од Мосул побегнале 8.000 лица

Од Мосул побегнале 8.000 лица

Обединетите нации денеска соопштија дека околу 8.000 луѓе побегнале од западниот дел на Мосул и од околните села откако ирачките сили почнале операција за ослободување на тој дел од градот од припадници на таканаречената Исламска држава.

Канцеларијата на ОН за хуманитарна помош соопшти дека жителите кои побегнале, дошле до подрачјето јужно од Мосул, кое е под контрола на војската.

Во соопштението се додава дека има многу повредени и дека на најмалку 75 цивили им е укажана медицинска помош во близина на линијата на фронтот.

Ирак со поддршка од меѓународната коалиција предводена од САД минатата недела почна офанзива за преземање контрола над западниот дел на Мосул, откако во јануари целосно беше ослободен источниот дел.