Хроника Од куќа во Ресен украдени два пиштола и пари

Од куќа во Ресен украдени два пиштола и пари

Вчера во Ресен, на улицата Кочо Рацин, непознат сторител со употреба на физичка сила извршил тешка кражба во куќа во сопственост на Г.А. (69), од каде одзел пиштол марка „берета“ калибар 6,35 милиметри и пиштол „модел 27“ калибар 7,65 милиметри, кои оштетениот ги поседувал со дозвола, како и 2.000 евра и 30.000 денари.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.