Македонија Од дијспората до ДИК пристигнале повеќе од 6.600 пријави за гласање

Од дијспората до ДИК пристигнале повеќе од 6.600 пријави за гласање

До Државната изборна комисија (ДИК) пристигнале повеќе од 6.600 пријави за гласање од граѓани што живеат во странство. За тоа, пак, дали избори ќе има и во дијаспората, одлука треба да донесе ДИК. Оттаму велат дека нема пречка да се одржат избори во дипломатско-конзуларните претставништва затоа што, според Изборниот законик, избори мора да се одржат во секое избирачко место што има повеќе од 10 гласачи.

Инаку, со измените во Избирачкиот законик, пратениците од дијаспората ќе се избираат со пропорционален модел, како и во Македонија, односно ќе има една изборна единица во која ќе се избираат три пратеници.

За да биде избран еден пратеник, потребно е тој да има повеќе од 6.400 гласа.