Македонија Од денеска до понеделник сончево и топло, од вторник облаци и дожд

Од денеска до понеделник сончево и топло, од вторник облаци и дожд

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 15 до 21 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до Целзиусови 19 степени.

До понеделник времето ќе биде топло со слаб до умерен северен ветер со пораст на дневната температура. Веќе во вторник и в среда ќе има зголемена облачност со локален дожд, а поради заладувањето, в среда се очекуваат врнежи од снег на планините.