Македонија Од 2.379 тестирања има 364 нови случаи на ковид-19, оздравени се 689...

Од 2.379 тестирања има 364 нови случаи на ковид-19, оздравени се 689 пациенти, починаа 24 лица

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Во последните 24 часа се направени 2.379 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во Скопје – 161, Куманово – 36, Битола и Прилеп – по 25, Охрид – 15, Тетово – 13, Штип – 10, Кавадарци, Струмица и Гевгелија – по 9, Велес, Гостивар и Струга – по 8, Кичево и Дебар – по 6, Свети Николе – 4, Виница – 3, Кочани и Неготино – по 2, Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци по еден нов случај.

Регистрирани се 689 оздравени пациенти од: Скопје – 254, Куманово – 61, Битола – 52, Прилеп – 44, Велес и Тетово – по 36, Кавадарци – 32, Штип – 24, Гостивар – 21, Струмица – 17, Кичево – 14, Неготино – 13, Гевгелија, Крива Паланка и Виница – по 10, Кочани – 9, Ресен и Валандово – по 7, Свети Николе, Пробиштип и Берово – по 5, Радовиш и Демир Капија – по 4, Пехчево – 3, Крушево и Кратово – по 2, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Пријавени се вкупно 24 починати лица: 7 од Скопје (40, 52, 55, 59, 64, 72 и 85), 6 од Битола (63, 68, 70, 71, 71 и 85), 3 од Куманово (73, 76 и 84) и по еден пациент е пријавен од Охрид (88), Кавадарци (82), Струмица (73), Струга (69), Свети Николе (64), Крива Паланка (74), Радовиш (75) и Пробиштип (52). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.