Свет Европа Од 16 септември во Хрватска влегле 65.000 имигранти

Од 16 септември во Хрватска влегле 65.000 имигранти

Од 16 септември во Хрватска влегле 65.000 имигранти, соопштија од хрватското МВР.

Во текот на вчерашниот ден, влегле речиси 10.000 имигранти. Најголем прилив имало на подрачјето на Товарник, Илок и на Строшинац, во општината Врбања.

Еден број имигранти се наоѓаат во привремено прифатилиште во Опатовац, од каде се одвезуваат кон граничните премини Барањско, Петрово Село, Терезино Полје и Ботово.

Во текот на изминатата ноќ во прифатниот центар во Опатовац пристигнале околу 1.200 имигранти.

Според проценките на хрватското МВР, поради блокада на унгарската граница, но и на студените дождливи денови, може да се очекува бегалците од Грција, односно од Турција, да тргнат по рутата преку Албанија и Црна Гора.